Ѓорче Петров ја задржа големата македонска надеж во своите редови

Шампионот Ѓорче Петров во своите редови задржа уште една ракометарка од минатогодишниот состав.

Станува збор за младинската репрезентативка на Македонија и голем потенцијал, левиот бек Марија Јанкуловска.

Битолчанката составот на Ѓорче Петров го засили во минатата сезона и дадената доверба од тренерот Симе Симовски целосно ја оправда, така што си доби нов договор.

17-годишната ракометарка пред извесен период на Европското младинско првенство во Романија одигра на солидно ниво и заврши како најдобар стрелец во македонската репрезентација.

Ѓорче Петров претходно ја продолжи соработката со голманката Слободанка Кицеска и левото крило Анастасија Николовска. Ново име во таборот на Ѓорче Петров е голманката од Вардар, Јована Трајкоска.