Ѓер ги собира најдобрите – сака да ја ангажира Сандра Тофт

Според информациите на данската телевизија „Спорт ТВ2“, голманката на Брест Бретањ и членка на сениорската репрезентација на Данска, Сандра Тофт е блиску до договор со поранешниот освојувач на Лигата на шампионите, Ѓер.

Договорот на Тофт со нејзиниот актуелен клуб од Франција важи за уште една сезона, но раководството на Ѓер посакува во своите редови да ја донесе една од најдобрите голманки на светот, која на Светското првенство во Шпанија со својата репрезентација стигна до третото место, односно до бронзениот медал.

Унгарската екипа моментално на располагање има три голманки, Амандин Лејно и Лoра Глoсе од Франција, а меѓу стативите се наоѓа и репрезентативката на Норвешка, Силје Солберг.

Тофт пред извесен период беше споменувана како ново засилување во амбициозната екипа на Есбјерг. Нејзините блескави партии во последните неколку години оставија впечаток кај најголемите клубови, па така секој моќен клуб сака да се вклучи во трката за нејзино ангажирање.