Ѓаволот ја однесе шегата – Целје смени тренер на четири кола до крајот на првенството!

Словенечкиот шампион Целје оваа сезона игра под очекувањата, барем на домашна сцена во првенството.

Тренерот Томаш Оцвирк и раководоството се договорија да ја прекинат соработката, а нов предводник на Целје во последните четири кола ќе биде некогашниот репрезентативец Лука Жвижеј.

Целје доживеа три порази по ред од Копер, Горење и вчерашниот од Тримо Требње, па сега има само еден бод предност на табелата пред второпласираниот Тримо а четири коло до крајот. Горење е трет со 35 бода, но и два меча помалку, кои доколку ги добие ќе биде прв на табелата.

Борбата за титулата се вжештува, а Целје го чекаат уште четири средби – на гости кај Горење и Марибор, и дома против Љубљана и Изола.