Ѓаволот ја однесе шегата – „лавовите“ остануваат без тренер?

Германскиот тренер Клаус Гертнер би можел да го напушти тренерското место во Рајн Некар Левен, пишува „Mannheimer Morgen“.

Лошиот старт на сезоната, во која „лавовите“ беа елиминирани од португалската Бенфика од Лигата на Европа, е причина за размислувањето за промена на тренерот.

По пет кола, Рајн Некар Левен има три порази во Бундес лигата, а вчерашниот пораз од Штутгарт со пет гола ја прели чашата кај раководните луѓе на клубот од Манхајм.

Пред стартот на сезоната, тренерот Гертнер најавуваше дека тимот ќе се бори за највисоките три позиции, но тешко дека тоа ќе биде случај.