Ѓаволот ја однесе шегата – Гудмундсон доби отказ по само три натпревари

Раководството на Мелсунген одлучи на својот тренер, Гудмундур Гудмунсон да му даде отказ поради лошиот старт во Бундес лигата. Веста официјално беше потврдена на клупската страна на германскиот клуб.

До овој момент во најсилната лига на светот се одиграни три кола, а екипата на Мелсунген која влезе со високи амбиции одигра под своето ниво во претходните три натпревари.

Мелсунген со реми против Лемго ја стартуваше сезоната во Бундес лигата, а потоа следуваа порази од Кил и Фуксе Берлин.

Наследник на Гудмундур Гудмунсон ќе биде неговиот асистент, Арјан Хаенен кој моментално ќе ја извршува функцијата главен тренер додека не се пронајде соодветна замена за Гудмунсон.

Според информациите од германските медиуми како нов тренер во Мелсунген се споменува швеѓанецот Роберт Хедин.