Штутгарт и Пешевски немоќни, бодовите заминаа за Кил

Во 14. коло од Бундес лигата екипата на Штутгарт каде што настапува репрезентативниот пикер Жарко Пешевски имаше тежок меч против Кил, а на домашен терен претрпе пораз од 27:34.

Бранителот на титулата во првенството Кил, имаше убава предност уште на полувреме кога водеше со 19:14.

Првите десет минути поминаа во израмнета игра, но од 6:6 во следните минути Кил ја презеде контролата на мечот и стигна до пет предност како што беше и на полувреме.

Во продолжението Штутгарт успеа да се врати во игра и да намали на минус еден во 49. минута на 24:25, но ракометарите немаа сили да го изненадат фаворитот.

Жарко Пешевски не успеа да се запише во листата на стрелци, а имаше едно исклучување од две минути. Со овој триумф Кил се искачи на врвот на табелата, додека Штутгарт е на 8. место.