Шпанска легенда на трибините во „Јане Сандански“ – го следи Вардар (ФОТО)

Двете средбати од осминафиналето на СЕХА лигата меѓу Вардар и Металопластика привлекоа внимание.

На трибините во „Јане Сандански“ вчера беше екс членот на „црвено-црните“ – Данил Шишкарев, а денеска има уште едно познато лице.

Станува збор за шпанската легенда Матео Гаралда, кој е селектор на селекцијата на Чиле, а по пауза од неколку месеци повторно е во Македонија.

Сега е на подготовки со младинската селекција на оваа јужноамериканска земја во Скопје, а тоа го искористи за да го следи Вардар.