Дуелот меѓу Шпанија и Холандија без победник во Скопје

Во рамките на второто коло од главната фаза во Скопје, Холандија ремизираше со Шпанија на 29-29 (15-17). По поразот од Германија, Холандија освои нов бод, исто како и Шпанија по поразот од Романија сега се изедначени со по три бодови во група 2 зад прворангираните репрезентации Франција и Црна Гора.

Шпанија ја имаше иницијативата и создаде почетна предност од минимални два гола разлика, кои до средина на првото полувреме се дуплираа на „плус четири“ 6-10, 15 минута. Шпанската репрезентација ги користеше грешките и безидејноста во нападот на Холандија кој често завршуваше со крената рака-сигнал за пасивен напад. Иако скандинавките се држеа долго на негатива од три голови, а Шпанија не успеа да реализира дури три напади за зголемување на водството, средината на вториот дел го одлучи противникот. Селекторот Јохансон немаше решение за расположената бековска линија на Шпанија, на спортивната страна Холандија не можеше да се закани од наворешните линии кои одлично беа затворени па затоа разликата се зголеми до највисоки „плус шест“ во 17.минута. Повремени грешки во нападот на „црвената фурија“ и блесоци на искусната Естевана Полман не беа вистинска закана за противникот.

Во период кога Шпанија имаше играч помалку на теренот, Холандија успеа да намали дел од високата предност, но најблиску до резултатот на противникот беше на „минус четири“ во 20 минута.

Во самиот финиш на првиот дел Холандија имаше можност да намали и на три голови негатива, иако не успеа претходните два пати, од третиот обид и успеа на Смитс, а со истекот на првите триесет минути Фрерикс ја врати во игра Холандија, а на семафорот остана запишан резултатот 17-15.

Почетокот на второто полувреме, Холандија го искористи за комплетно враќање во натпреварот. До 38 минута го израмни резултатот на 19-19, а во 40.минута голманот Дујндам го постави првото водство за скандинавките на натпреварот за 21-20. Но радоста кратко траеше, Шпанија во средина на вториот дел создаде два гола предност 22-24, а Фрерикс  ја прекина серијата и ја врати неизвесноста на овој дуел. Холандија во овој период остана без една ракометарка во поле откако Фрерикс доби исклучување од две минути, но Шпанија не ја искористи добиената шансата благодарение на одличната голманка Дујндам.

Холандија имаше шанса да ја врати минималната предност, но Моленар шутираше во голманката Вигинс, а брзата контра на спротивната страна ја реализираше Аранцазистроке. Но возбувањата продолжија и во финишот на натпреварот. Холандија ја врати предноста во 53 минута и ја одржуваше до самиот финиш. Во последната минута од натпреварот Шпанија имаше шанса да изедначи, искусната Мартинез беше сигурна за 29-29. Во последните дваесет секунди од натпреварот Холаднија имаше последен напад по тајм-аутот на Пер Јохансон, но направија техничка грешка-пробивање, а натпреварот заврши без победник 29-29.

ГРУПА 2 -СКОПЈЕ

ПозЕкипаGDНПРЛБ.
12654018
2353026
3-253026
4-952125
5152034
6-1950141