Шоу на навивачите на Келце, Келн е обоен во „жолто-сино“ (ВИДЕО)

Навивачите на Келце имаа свое шоу низ Келн пред стартот на финалето од завршниот турнир во Лигата на шампионите.

Градот беше обоен во „жолто-сино“, па нема сомнеж дека полскиот тим ќе има голема поддршка во „Ланксес Арена“.

Келце ќе се соочи со Барселона и ќе тргне во поход на втората титула, додека Барса ја посакува својата десетта титула во најелитното натпреварување.

Натпреварот меѓу Келце и Барса стартува од 18:00 часот, а третото место го освои Кил по триумфот над Веспрем.