Шокоски: Битолчани ја казнија секоја наша грешка, но во битката за опстанок ќе го видите вистинскиот Прилеп

Ракометарите на Прилеп, во клучниот натпревар за пласман во плеј-офот беа поразени на свој терен од Еурофарм Пелистер 2 со резултат 16:23.

Битолскиот состав беше во водство во текот на целиот натпревар, а ракометарот на Прилеп, Давор Шокоски вели дека поискусната екипа на гостите знаела да ја казни секоја грешка на домашните.

„Сакам да им честитам на Еурофарм Пелистер 2 за победата, и им посакувам среќа во плеј-офот. За секоја техничка грешка која ја имавме, Еурофарм Пелистер не казни. Сепак сме млада екипа, и од секоја грешка учиме и напредуваме. Ова за нас претставува успех. Во преостанатиот дел од сезоната останува да се бориме за опстанок во лигата. Од наредната полусезона се зголемува искуството во нашата екипа, со нас ќе биде Александар Тренчевски, кој има бројни натпревари зад него. Јас верувам во моите соиграчи, напролет ќе го видите вистинскиот Прилеп.

Прилепчани напролет ќе играат во битката за опстанок против Работнички, КЛ7, Младост Богданци, Радовиш, Јуниор КВ, Астраион и Тиквеш.

Битолчани убедливи среде Прилеп – Еурофарм Пелистер 2 меѓу најдобрите осум во македонската елита

Битолска радост во Прилеп: Еурофарм Пелистер 2 ќе се бори за титулата (ВИДЕО)

Дрогришки: Трпеливо ќе ја чекаме нашата шанса, но зошто да не избориме и место во Европа