Шишкарев: Македонците возат ужасно, но во Скопје бев како дома

Еден од руските репрезентативци што остави длабока трага во тимот на Вардар е Данил Шишкарев.

Десното крило во Скопје мина пет сезони, пред да замине во унгарскиот гигант Веспрем, а потоа се врати во татковината.

Играше една сезона во Чеховски Медведи, а од летово е член на ЦСКА Москва. Во интервју за „Брз Центар“ тој откри детали од престојот во Скопје и што е тоа на кое не можел да се навикне во македонската метропола.

„Не можев да се навикнам само на сообраќајот. Македонците возат ужасно. Претекнуваат, ’сечат’, не даваат ’жмигавец’, на пешачки премин никој не застанува, не ги почитуваат сообраќајните знаци. Во тој поглед, Москва е град за пример. Но, немаше други проблеми, јас и моето семејство се чувствувавме удобно во Скопје. Брзо се адаптиравме, го научивме јазикот. Во одреден момент сфатив дека: „Тука се чувствувам како дома!“, изјави Шишкарев.

Шишкарев со „црвено-црниот“ два пати се искачи на европскиот трон во 2017 и 2019 година.