Шеваљевиќ за 24Ракомет: Победата над Македонија ни беше ветар во грб, не знаеме каде се нашите граници!

Репрезентацијата на Црна Гора во одлучувачкиот натпревар ја совлада Словенија со 33:32 и обезбеди историски пласман во главната рунда на Европското првенство.

Капитенот на Црна Гора, Васко Шеваљевиќ не го криеше задоволстовото од нивното издание и истакна дека е многу горд на неговите соиграчи за успехот кој го постигнаа.

„После сите оние проблеми што ги имавме успеавме со сè да се избориме и по првпат во историјата на нашата држава да поминеме во втората фаза на Европскот првенство. Ова е огромен успех за нас и како капитен на овие момци сум ненормално горд и среќен. Секако дека победата против Македонија ни даде ветар во грб, но јас бев убеден дека имаме квалитет и покрај тоа што ни фалеа многу играчи тоа го докажавме вечерва. Не знаеме кои се нашите граници, се надеваме дека ќе ни се приклучат уште играчи кои се опоравија, но не се во тренажен процес. Ќе дадеме се од себе и ќе видиме до каде можеме да стигнеме“, изјави Шеваљевиќ за 24 Ракомет после победата над Словенија.

Цррна Гора изненадувачки обезбеди пласман во главната рунда од групата А покрај огромниот фаворит Данска победувајќи ги Македонија и Словенија, но во понатамошното натпреварување ќе влезе без бодови.