Чупиќ: Сега сфатив колку ми значи Вардар!

Донесе две титули во Скопје со Вардар во Лигата на шампионите. Во Македонија играше пет години, но професионалниот пат го одведе во Загреб каде кон крајот на играчката кариера ќе настапува за актуелниот хрватски шампион.

Иван Чупиќ овојпат како гостински ракометар повторно пристина во Скопје, во „Јане Сандански“. Десното крило на хрватската репрезентација одигра квалитетен натпревар против својот поранешен клуб. Тој ги изведуваше ударите од седум метри и постигна два гола од игра за вкупно осум.

Цел натпревар го игравме гол за гол, предност од гол плус или негатива од гол минус. Во второто полувреме имаше многу одбрани од голманите и на двете страни. На крај изгубивме два напада со технички грешки и тоа направи предност од четири разлика. Затоа ова ништо не мора да значи, може и во Загреб на пет минути до крај да биде минимална разлика од гол или два, а со една или две грешки на едната или другата страна да се смени конечниот исход. Со две глупости може нешто да се случи. Четири разлика изгледа многу, особено бидејќи дадовме само 20 голови. Но мислам дека и во Загреб ќе одиграме интересен натпревар, и една или две гола ќе одлучуваат на една или друга страна.

Чупиќ се враќа по три месеци во Скопје овојпат во дрес различен од „црвено-црниот“ во кој мина пет години. Најдолго во неговата кариера.

Пред натпреварот и вчера и денес и по натпреварот имав многу емоции. Со пријатели, навивачи, со цела сала… Но шеесет минути бев исклучен, зошто знаев дека ќе биде тешко да играш со тие емоции. Се обидов да ги искористам шеестте минути и да тргнам сè по страна. Ама еве сега знам што ми значел Вардар, секогаш ми е убаво тука, пред малку зборував дека по година и половина повторно играм пред навивачи во „Јане Сандански“, чуството е убаво.