Чупиќ: Натпреварот беше тензичен до крај, но ние бевме малку посреќни

Ракометарите на Вардар се блиску до пласман на завршниот турнир во регионалната СЕХА лига, откако славеа на гостувањето кај Нексе во Нашице со 30-31.

Десното крило Иван Чупиќ смета дека грешки на домашните во финишот им ја донеле победата.

„Честиткиза тренерот Хорват за одличниот натпревар. Ние имавме проблеми во текот на цел меч, но на крајот ја искористивме предноста по грешките на домашните и стигнавме до минимална победа. Натпреварот беше тензичен до крајот, но ние бевме малку посреќни“, изјави Чупиќ.

Реванш натпреварот меѓу Вардари Нексе се игра во Скопје на 25 март со почеток во 20:15 часот, на кој шампионот ќе атакува на нова победа за место на Ф4.