Чупиќ како врвен десен бек – распали од девет метри во голот на Алборг (ВИДЕО)

Поранешниот ракометар на Вардар, Иван Чупиќ и неговиот нов тим, Загреб со пораз ја стартуваа новата сезона во Лигата на шампионите.

Во рамките на 1. коло во најсилното европско натпреварување, Загреб на свој терен беше убедливо поразен од Алборг со десет гола разлика, 34:24.

Чупиќ беше меѓу девете стрелци во својот тим, а натпреварот го заврши со три постигнаги гола. Еден од погодоците, Чупиќ го постигна во првото полувреме како класичен бек од девет метри и успеа да го изненади искусниот противнички голман, Андреас Јенсен.

Во 2. коло од Лигата на шампионите, Чупиќ и неговите колеги ќе се соочат против ПИК Сегед во Унгарија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by EHF Champions League (@ehfcl)