Чупиќ и Дибиров постигнаа половина од головите, Загреб на една победа до титула!

На првиот натпревар од разигрувањето за титула во Хрватска, актуелниот шампион Загреб славеше против Нексе во преполната „Кутија шибица“ со 30-26.

Со осум гола на Иван Чупиќ и шест на Тимур Дибиров, како и со одличниот голман Дино Славиќ, „плинарите“ дојдоа на чекор до одбрана на титулата.

За разлика од минатиот нивен меѓусебен дуел во регуларниот дел од сезоната, Загреб изгледаше многу подобро, особено во нападот.

Кај Нексе се истакнаа Лука Мославац и Доријан Маркушиќ со по четири гола, додека голманите Цар и Радовановиќ комбинираа десет одбрани.

Првата прилика за тоа ќе биде на 14 мај во Нашице, кога ќе се игра вториот меч од финалето од 20:00 часот.