Чупиќ е МВП, Ристовски најдобар голман, а Периќ најдобар стрелец

Ракометарите на Вардар го освоија трофејот во Купот на Македонија, откако го победија големиот ривал Еурофарм Пелистер со 26-24.

Освен трофејот за победникот, беа доделени и индивидуалните награди на завршниот турнир.

Најкорисен играч, односно МВП е десното крило на Вардар – Иван Чупиќ, најдобар голман е Борко Ристовски, додека најдобар стрелец Јосип Периќ.

Следен предизвик за двете екипи ќе биде новиот меѓусебен дуел од суперлигашкиот плеј-оф, што ќе се игра на 20 мај во Битола.