Чупиќ го одигра последниот натпревар за Вардар, следниот ќе му биде против Вардар!

Ракометарите на Вардар со две победи во два дена над српската Металопластика обезбедија место во четвртфиналето на регионалната СЕХА лигата.

Второт дуел со српскиот тим беше последен натпревар во „црвено-црниот“ дрес за хрватскиот репрезентативец Иван Чупиќ.

По пет години, легендарниот ракометар заминува од Вардар и од Скопје и ќе го носи дресот на Загреб.

Првиот официјален натпревар како „плинар“, Чупиќ ќе го одигра токму против Вардар во четвртфиналето на СЕХА лигата.

Еден од Вардар и Загреб, кои досега биле дел од сите завршни турнири во регионалната лига, за првпат нема да игра на завршницата.