ЧСМ Букурешт продолжува да гради тим за трофеј во Лигата на шампионите

Екипата на ЧСМ Букурешт гради силен тим за следната сезона откако во своите редови ја донесе и поранешната репрезентативка на Холандија, Ивет Брох, а се чека само официјализирање на договорот помеѓу двете страни.

Брох реши да се врати назад во ракометот по кратката пауза. Искусната ракометарка од Холандија важи за една од најдобрите пивоти и дефанзивци на светот. Холанѓанката ќе биде замена за Драгана Цвијиќ која на крајот на сезоната ќе го напушти ЧСМ Букурешт.

Брох во својата кариера беше дел од актуелниот шампион на Европа, Ѓер. Во унгарскиот клуб помина три сезини, од 2015 па се до 2018 година. Претходно го носеше дресот на Мец, клуб во кој настапува и оваа сезона.

Пред извесен период тимот од Букурешт ја ангажираше и голманката на холандската репрезентација, Тес Вестер. Договорот со ЧСМ Букурешт го продолжи репрезентативката на Шпанија, Кармен Мартин. Во клубот следната сезона покрај двете ракометарки од Холандија ќе пристигнат и – Емили Арнцен, Ема Рамусовиќ, Марин Ауне и Мари Давидсен.