Чешка вторпат падна пред Швајцарија

По вчерашниот убедлив пораз од Швајцарија со 35-25, еден од ривалите на Макеоднија на Европското првенство, селекцијата на Чешка загуби вторпат од истиот противник со 30-29.

Во првиот дел Чесите го диктираа темпото, погодуваа најчесто Кашпарек, Чип и Бабак, па на пауза заминаа со предност, 11-15.

Во второто полувреме Чешка во два наврати имаше и плус пет, но Енди Шмид се разигра во финишот и Швајцарија на десет минути до крајот израмни на 24-24.

Потоа се играше гол за гол, во последната минута се влезе со 29-29, пред Шмид да погоди за 30-29. Хрстка биеше во последната секунда, но не погоди и Чешка пак остана со празни раце.