Чеховски Медведи со „два од два“ во СЕХА

Ракометарите на Чеховски Медведи ја остварија втората победа во СЕХА лигата и останаа единствената непоразена екипа од групата Б.

Актуелниот шампион на Русија во рамки од 2. коло од дивизијата „Исток“ во СЕХА лигата запиша убедлива победа над Пермски Медведи со 39:28.

Победничката екипа на овој натпревар беше предводена од Никита Каменов со седум погодоци, додека по шест, односно пет гола постигнаа Александар Ермаков и Виктор Фурцев.

На голот на Чеховски Медведи одлична партија имаше Дмитриј Павленко со 18 интервенции. Во поразениот табор се истакна Дмитриј Свистунов со седум погодоци.

Во претходното коло, тимот на Чеховски Медведи беше подобар од СКА Минск со 34:26.