Четири судиски двојки и двајца делегати од Македонија на европските терени

Европската ракометна федерација ги делегираше официјалните лица за втората рунда во Европскиот Куп кај мажите и жените, во Лигата на Европа кај жените, како и за следните дуели од Лигата на шампионите. За четири македонски двојки и двајца делегати ќе има работа на ракометните терени низ Европа.

Силвана Карбеска и Марија Илиева ќе го судат реваншот од второто квалификациско коло во женската Лига на Европа во Јагодина меѓу српскиот тим и норвешкиот Тертнес на 23 октомври. Претходно двете ќе имаат и обврска во женската Лига на шампиони, каде на 17 октомври ќе го судат мечот од четвртото коло во Подгорица меѓу Будуќност и Ростов Дон.

Ацо Николовски ќе биде делегат на реванш средбата од второто коло во женскиот Европски Куп во Бања Лука меѓу Борац и словачката Дунајска Стреда на 23 октомври.

Исмаил Металари и Ненад Николовски ќе бидат арбитри на реванш средбата од машкиот Европскиот Куп во Пеќ меѓу Беса Фамгас и Борац Бања Лука на 23 октомври.

Камер Металари ќе биде делегат на првиот натпревар од второто коло во машкиот Европски Куп во Истанбул меѓу Бејкоз и рускиот СКИФ Краснодар на 16 октомври.

Даниело Божиновски и Виктор Начевски ќе го судат првиот двобој од второто коло во машкиот Европски Куп во Могилев меѓу Машека и летонскиот Добеле на 17 октомври.

Методија и Михајло Илиевски ќе го судат двомечот од второто коло во женскиот Европски Куп меѓу Истогу од Косово и исландскиот Пор, а двете средби ќе се играат во Истог во Косово на 15 и 16 октомври.