Четири од четири – Охрид без мака го реши Јуниор Кисела Вода

Тимот на Охрид ја продолжува победничката серија во Суперлигата, откако ја оствари и четвртата лесна победа. Охриѓани прославија убедлив триумф над Јуниор Кисела Вода со 22-31.

Домашните водеа само со 1-0 на стартот, а потоа се беше во знакот на избраниците на Раде Стојановиќ. Поведоа со 1-5 и беше јасно каков натпревар ќе се гледа во продолжение. Се трудеа домашните, но немаа идеја во нападот, а сите нивни технички грешки беа казнети од Охрид, кој до паузата стигна и до највисоката предност, плус осум, 9-17.

Стојановиќ во вториот дел ги ротираше сите играчи од клупата, а домашниот тим се врати во два наврати на минус пет, но немаше шанси за камбек во натпреварот.  Охрид на десетина минути пак се врати на плус осум од паузата, 19-27 и до крајот немаше дилеми околу победникот.

Најдобри стрелци во составот на Охрид беа Иван Тасески и Мартин Манасков со по шест голови, а четири пати погодија Бобан Блажески и Денис Тот. Кај Јуниор Кисела Вода, Бојан Манев беше најдобар со шест голови, а по пет пати стрелаа Мартин Димовски и Жарко Бајрактаревиќ.

28 октомври 2020
22 - 31
Крај

Детали

Датум Време Лига Сезона Match Day Крај
28 октомври 2020 20:06 СУПЕРЛИГА А 2020/2021 28.10.2020 60'

Место

УС „Круме Кепески“

Резултати

Екипа1-во полувреме2-ро полувремеРезултат
ЈУНИОР К.В.922Пораз
ОХРИД1731Победа

ЈУНИОР К.В.

# Играч Позиција Исклучување Голови
1Матеј Петковскиголман00
2Намик Османлево крило05
3Андреј Крстевски-00
4Марко Трајковскипивот03
5Мартин Бошковскипивот00
6Стефан Крстескидесно крило00
7Бојан Маневцентрален бек16
9Дамјан Трајковскицентрален бек00
10Филип Ролевскидесно крило00
12Александар Стојаноскиголман00
16Адриан Костадиноскиголман00
18Мартин Димовскицентрален бек12
30Антонијо Пешевскилево крило00
88Томче Трајчевскипивот00
97Жарко Барјактаревиќдесен бек16
 Вкупно 322

ОХРИД

# Играч Позиција Исклучување Голови
Крсте Андоновскилево крило00
Николче Ристескилево крило01
Михаил Иваноскидесен бек00
Јагош Брауновиќголман00
Игор Чагаљпивот22
Филип Кривокапиќцентрален бек02
Иван Тасескипивот16
Христијан Димитриескипивот00
Мартин Манасковлев бек06
Мартин Ивановскицентрален бек03
Бобан Блажескидесно крило14
Наум Костовдесно крило02
Борче Соколовцентрален бек11
Никола Даниловскиголман00
Денис Тотдесен бек04
Филип Николовдесен бек00
 Вкупно 531

Officials

Судии:Делегат:
БОЖИНОВСКИ ДАНИЕЛО
НАЧЕВСКИ ВИКТОР
НИКОЛОВСКИ АЦО
ПозЕкипаНПРЛБ
1АЛКАЛОИД14131040
2ОХРИД14110333
3ТИКВЕШ14110333
4СТРУГА1470721
5ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 21460818
6АЕРОДРОМ1441913
7КУМАНОВО1412115