„Чест ми е да го водам најуспешниот ракометен клуб“

Новиот главен тренер на Барселона, Антонио Карлос Ортега, објасни зошто се согласил да го води каталонскиот клуб, кој минатата сезона ја освои лигата и Купот на Шпанија, како и Лигата на шампионите.

Антонио Карлос Ортега во Барселона пристигна од бундеслигашот Хановер на една година пред истекот на договорот. Во новата сезона ќе има голем и тежок предизвик бидејќи со Барселона повторно ќе ја брани освоената титула на три фронта.

„Ова е личен и професионален предизвик, но и најголем. Чест ми е да го водам најуспешниот ракометен клуб. Го прифаќам овој предизвик со голем ентузијазам и одговорност. Барселона отсекогаш била мојот втор дом. Јас сум од Малага, но поминав 11 одлични сезони во каталонскиот клуб (1994-2005) и тој период го паметам со голема љубов. Тоа беа прекрасни години. Потоа се формирав како личност и како играч. Беше исто така многу успешно време во однос на освојувањето титули. Јас секогаш го сметав клубот за свој, а сега имав среќа да се вратам овде по 16 години“, изјави Ортега за клупската телевизија на Барселона.

Во својата кариера, Ортега освен Хановер и Барселона, ги предводеше и Колдинг, Веспрем, Антекера и машката репрезентација на Јапонија.