Червар не го повика за ЕП, но Штрлек има причина за радост (ФОТО)

Додека Хрватска се радуваше по победата над Германија во „Штадхале Арена“, еден поранешен репрезентативец имаше и друга причина за радост.

Левото крило на Веспрем, Мануел Штрлек кој не беше повикан од Лино Червар за настап на Европското првенство, ја мина саботната вечер со двојна прослава.

Тој и неговата сопруга Ина го добија своето второ дете, на кое му дадоа име Рио. Од претходно двојката ја има и ќеркичката Зоја.

Интересно, Штрлек за првпат стана татко додека настапуваше со хрватската селекција на Светското првенство во 2015 година.