Червар: Ми приредија понижување!

Екс тренерот на Металург и поранешен селектор на Македонија и Хрватска, Лино Червар, нема повеќе функција во тамошниот Сојуз.

ХРС ја укина функцијата координатор на машките репрезентации и Червар остана без работа по Мундијалот во Полска и Шведска.

Червар во интервју за „Спорт Клуб“ распали по челниците на Хрватскиот Сојуз.

„Заработив отказ во предвечерјето од одбележувањето на првата и единствена титула како светски шампиони. Да се однесуваат кон мене со таква фарса и на таков начин е понижување. Сакам да го видам животниот пат на луѓето кои ја донесоа оваа одлука. Mногу ме интересира што мисли за оваа одлука највисоката институција во хрватскиот спорт, а тоа е Олимпискиот комитет, како и министерството за спорт. Сакам да знам како тие гледаат на ова понижување кое ми го приредија“, изјави Червар.

Покрај Червар, ХРС го смени и селекторот Хрвоје Хорват, на чие место дојде Горан Перковац, а замина и целиот претходен стручен штаб.