Чаневски блескаше, Макаби Ришон на чекор до шампионска титула

Тимот на Макаби Ришон Ле Зион, каде што брани Градимир Чаневски, поведе со 2-0 во финалето на израелскиот шампионат.

Макаби Ришон на гостински терен славеше против актуелниот шампион Хапоел Ашдод со 26:29 и го дели уште еден дуел до преземање на титулата.

Македонскиот голман повторно имаше одлична партија за Макаби Ришин и вториот финален дуел го заврши со 12 одбранети удари.

Третиот натпревар од финалната серија е закажан за 2 јуни. Домаќин на овој дуел ќе биде тимот од Макаби.