Чаир се засили со две ракометарки – потпишаа Филипоска и Спасовска

Тимот на Чаир, кој и оваа сезона ќе се бори за врвот во македонскиот ракомет, донесе две нови ракометарки пред стартот на пролетниот дел на сезоната во Женската лига.

Станува збор за кружните напаѓачи Сашка Филипоска и Матеа Спасовска, кои би требало да ја пополнат најболната позиција во тимот.

Филипоска е поранешна младинска репрезентативка на Македоија и има настап на ЕП, а последен клуб за кој играше е Деспина од Прилеп.

Чаир во есенскиот дел од сезоната во Женската лига заврши на делба на второто место со Металург и освои 30 бодови, четири помалку од лидерот Куманово.