Чаир на турнир во Босна и Херцеговина, ќе ја бруси формата пред стартот на Женската лига

Амбициозниот тим на Чаир последните проверки пред стартот на новата сезона во Женската лига ќе ги има на турнир во Босна и Херцеговина.

Чаир ќе настапи на турнирот во Сараево, а се најде во групата со тимовите на Илиџа и Минаква Војводина.

По натпреварите од групата на 3 септември, на 4 септември во зависност од пласманот, Чаир ќе одигра уште еден натпревар.

Претходно Чаир беше на подготовки во Србија и одигра контролен натпревар против екипата на Бор кој заврши нерешено, 37-37.

Покрај обврските на домашна сцена во Женската лига, составот на Чаир ќе настапи и на меѓународна сцена во Европскиот Куп и ќе се соочи со косовскиот тим Истогу.