ЦСКА Москва на Ристовска не постигна гол 16 минути, па доживеа дебакл

Екипата на ЦСКА Москва каде што настапува репрезентативката на Македонија, Сара Ристовска доживеаа висок пораз на домашен терен од Одензе со 21:28 во 6. коло од Лигата на шампиони за жени.

Натпреварот почна многу израмнето со неколку менувања на водството уште во почетните минути. Во првите 30 минути ниту една екипа не успеа да обезбеди повисока предност, а на паузата Одензе замина со водство од 14:13.

ЦСКА Москва имаеше катастрофално второ полувреме, од 35. до 51. минута не успеаја да постигнат гола, а Одензе направи серија од 9:0 и ја обезбеди победата. Во финишот ЦСКА само го ублажи поразот. Сара Ристовска натпреварот го заврши со еден погодок.

Борусија Дортмунд имаше лесна задача против Подравка и славеше лесна и убедлива победа со 38:14. Уште по првиот дел домашниот тим имаше водство од 16:8, а во продолжението со уште поубедлива игра ја потврди победата. Вистински лидер на тимот и предводник до победата беше Алина Гријселс со 15 гола.

Есбјерг оствари убедлива победа против Ростов со 25:18, откако и после првите 30 минути имаше предност од 13:10. Мец без никакви проблеми запиша нови бодови на гостувањето кај Кастамону после триумфот од 20:30.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ, ЖЕНИ 

6. КОЛО РЕЗУЛТАТИ

БОРУСИЈА ДОРТМУНД – ПОДРАВКА 38:14 (16:8)
Гријселс 15, Берге 5, Гутиерез 5 – Калауз 9

ЦСКА МОСКВА – ОДЕНЗЕ 21:28 (13:14)
Илина 6, Скоробогаченко 4 – Бидструп 8, Ардал 5

ЕСБЈЕРГ – РОСТОВ 25:18 (13:10)
Јакобсен 8, Реистад 8 – Заади 5, Кузнецова 4

КАСТАМОНУ – МЕЦ 20:30 (9:13)
Радичевиќ 5, Цалискан 4 – Н’гуан 6, Ноканди 5