ЦСКА Москва и донесе конкуренција на Ристовска во млада руска репрезентативка

Репрезентативката на Македонија, Сара Ристовска добива конкуренција во тимот на ЦСКА Москва во млада ракометарка која доаѓа од редовите на Лада. Се работи за 19-годишната Ева Демидович, која пред две години го имаше своето деби во најсилната лига на Русија.

Демидович покажа одлични игри во двете сезони во кои настапуваше за Лада, па ова дефинитивно е сериозна конкуренција за Ристовска во новата сезона.

„Понудата од ЦСКА Москва за мене беше вистинско изненадување. Во исто време чувствував голема радост што ќе бидам дел од еден ваков амбициозен клуб, а од друга јасно ми е каква одговорност ќе падне на мене во новата сезона. Сепак, првиот впечаток е позиивен“, вели Демидович.

За Ристовска ова ќе биде втора сезона во ЦСКА Москва, а во првата покажа одлични игри и успеа одлично да се снајде во клубот од Москва.