Црногорците се жалат – за разлика од Македонија и Словенија, нас државата не ни помогна во организацијата на ЕП!

Црна Гора, односно спортскиот центар ,,Морача” во Подгорица беше домаќин на групата Д на Европското првенство во женска конкуренција.

Иако од ЕХФ немаа никакви забелешки за организацијата во Подгорица, сепак, првиот човек на Ракометната федерација на Црна Гора, Петар Каписода истакна дека e огорчен од односот на државата кон црногорската федерација и целосното отсуство на поддршка при организирање на еден голем настан како што е ЕП.

,,Овој шампионат не беше организиран од три држави, туку го организираа Словенија, Македонија и Ракометниот сојуз на Црна Гора. Од државата поддршката беше нула. Јас нема да го изгубам образот пред Европа затоа што никој не сака да помогне. Ова беше подвиг, само некој требаше да присуствува на натпреварите и да го види тоа. Друг апсурд се државните компании. Мене не ми е јасно, како никој од нив нема некој деловен мотив да препознае можност преку нас да се рекламира на еден ваков настан, затоа што сликата од ,,Морача” се пренесува во цела Европа? Не го разбирам тоа..” изјави Каписода во црногорската емисија “Drugačija radio veza”. 

Иако пред почетокот на Европското првенство во Подгорица, спортскиот центар ,,Морача” не беше целосно подготвен, претседателот Петар Каписода и неговите соработници не дозволија да се покажаат како лоши домаќини и успешно се справија со сите проблеми.

Уште првиот ден хаос на ЕП – претседателот на федерацијата се фати за метлата! (ФОТО)