Црна Гора и Германија ќе играат на Мундијалот во Шпанија

Селекцијата на Црна Гора и на реванш натпреварот од квалификациите за Светското првенство во Шпанија беше подобра од Белорусија со резултат 26:24. Првиот одигран натпревар во Подгорица заврши со 29:23 за Црна Гора.

Ракометарките на Белорусија беа целосно надиграни уште во првите минути од натпреварот. Црногорките по пет минути игра имаа водство од 5:2, а до крајот на првото полувеме немаше никаква закана од страна на домаќинот. На полувреме Црна Гора имаше предност од четири разлика, 15:11.

Во вториот дел, Белорусија ги искористи сите грешки на Црногорките. Гостинските ракометарки при водство од 23:20 во 45. минута се опуштија на теренот и дозволија противникот да се врати во игра.

Ракометарките на Белорусија на шест минути до финишот намалија на само еден негатива, 22:23, но до крајот поискусните ракометарки на Црна Гора ја оправдаа улогата на фаворит во денешниот натпревар.

Најефикасни во редовите на Црна Гора беа екс ракометарките на Вардар, Јованка Радичевиќ со седум и Итана Грбиќ со шест гола. Во репрезентацијата на Белорусија, Анастасија Кулак ги предводеше стрелците со осум гола.

Германија и на вториот реванш натпревар успеа да ја совлада Португалија со резултат 34:23. На првиот натпревар, Германија славеше минимално, 32:27.

Репрезентативките на Португалија добро им парираа на противничките ракометарки во првото полувреме и до 20. минута се одржуваа во игра.

Во последните десет минути од првиот дел, Германија со серија од неколку гола се одлепи на три разлика и успешно ги сочува до крајот на првото полувреме кое заврши во нивна полза, 15:11. Второто полувреме беше само формалност. Германките постепено ја зголемуваа својата предност и стигнаа до конечни 11 гола разлика.

Во убедливата победа, Марлен Запф беше најефикасна во својата репрезентација со седум гола. Во португалската селекција, Соуса Беатриз Фабијана беше прв стрелец со шест гола.