Циндриќ дебитираше, Динамо Букурешт со трофеј во романскиот Суперкуп

Тимот на Динамо Букурешт повторно го освои трофејот Ф4 турнирот во Суперкупот во Романија што се играше два дена.

Најдобрата романска екипа славеше во финалниот натпревар против Констанца со еден разлика, 25-24, во меч кој беше решен во последната минута.

Новиот играч во тимот на Чави Пасквал, Лука Циндриќ, беше стрелец на три гола, исто толку даде и вториот екс вардарец, Анте Кудуз, а најдобар беше Андриј Акименко со шест погодоци.

Во поразениот состав на Констанца, се истакнаа Хрватот Валентино Равниќ и Србинот Страхиња Станковиќ со четири, односно три гола.