Цвијиќ: Maшкиот Вардар ни покажа дека и аутсајдери освојуваат евро титули!

Тимот на Ференцварош обезбеди место во финалето на Лигата на шампионите, откако го победи составот на Есбјерг со 30-29, со гол во последната секунда.

Една од ракометарките што ќе се бори за титулата, е екс вардарката Драгана Цвијиќ, која има две титули со Будуќност. Таа вели дека ова можеби е најголемата победа во нејзината клупска кариера.

„Ова е можеби најголемата победа во мојата клупска кариера. Екипата е нова, со поискусни и со помлади ракометарки. Повеќето од нив не ни играле во полуфинале или финале.

Покрај Цвијиќ, во Ференцварош игра и Андреа Лекиќ, која исто така има титула во ЛШ со Ѓер. Кружниот напаѓач вели дека ниеден тим не може без играчи од балканските простори.

„Јас кога би била тренер секако дека би ангажирала ракометарки од балканските простори. Јас обожавав да играм во Вардар. Машката екипа на Вардар покажа многупати дека и аутсајдер може да стигне до титулата. Затоа што знаеја за што играат – за сите луѓе во Македонија. Така е и овде, ние играме за сите наши навивачи, кои се желни за тој трофеј. Едноставно кога ќе го облечете дресот на Ференцварош имате голема одговорност. Така беше и со Вардар и со Будуќност, но и овде е нешто посебно“, вели Цвијиќ.

Во финалето утре Ференцварош ќе се соочи со Вајперс Кристијансанд, додека во битката за третото место ќе играат Ѓер и Есбјерг.

По 21 години и двомечот со Кометал ЃП, Ференцварош избори финале во ЛШ!