Продолжува караванот на РФМ, се сели во Струга – еве кога е дружбата со најмладите

Ракометната федерација на Македонија ja продолжува традицијата и оваа сезона ќе го организаира ракометниот караван кој веќе успешно беше реализиран во Охрид, Прилеп, Битола, Кавадарци, Богданци, Куманово, Струмица…

Следниот град што ќе го пречека караванот е Струга. Настанот ќе се одржи на 25 септември во СЦ „Тими“ од 12 до 14:00 часот.

Како и досега, целта на караванот е да го доближи ракометот до најмладите генерации, да ја зголеми неговата популарност…

Специјални гости на ова издание на караванот ќе бидат Марио Танкоски, членот на Струга, потоа капитенот на Охрид кој е роден стружанец, Гоце Ојлески и некогашната репрезентативка Теодора Гулицоска која сега работи со млади категории во Струга.