Царчев со Саудиска Арабија обезбеди мундијалска виза

Репрезентацијата на Саудиска Арабија ја совлада селекцијата на Узбекистан со 31:24 и си обезбеди место во полуфиналето на шампионатот на Азија. Ова значи дека веќе е обезбедена виза за настап на Светското првенство кое следниот јануари се одржува во Полска и Шведска.

Саудиска Арабија немаше никаков проблем за да дојде до бодови бидејќи  водеше во текотна целта средба. На полувреме беше 16:11 така што беше доволно за да се добие овој дуел.

Во вториот дел само беше довршена задачата и беше потврден триумфот.

Инаку, оваа победа значеше дека составот на Саудиска Арабија ќе игра во полуфиналето против Бахреин, додека во второто полуфинале играат Катар и Иран. Овие селекции воедно си обезбедија и место на следното Светско првенство.

Тренер на голманите на Саудиска Арабија е Александар Царчев, додека селектор е поранешниот стратег на Французите, Дидие Динар.