Хрвоје Хорват ја презема клупата на Вецлар

Селекторот на хрватската репрезентација, Хрвоје Хорват, по Мундијалот во Полска и Шведска, би можел паралелно да работи и во клуб.

Според хрватскиот „24 Сата“, Хорват најверојатно ќе седне на клупата на Вецлар, на која во моментов седи Филип Миркуловски, кој во случајов би продолжил како асистент тренер.

Бундеслигашот бара нов тренер по заминувањето на Бен Мацке, а во меѓувреме тимот го води македонската легенда.

Преговорите се во завршна фаза, н Хорват треба да добие дозвола и од Хрватскиот Сојуз пред да го потпише договорот.

Претходно Хорват имаше понуди и од Гепинген и Штутгарт, кои останаа без тренери, но до договор не дојде.