Хрватките го украдоа шоуто и покажаа зошто се “Кралици на шокот” (ВИДЕО)

Репрезентацијата на Хрватска стигна до бронзата на Европското првенство во Данска, а девојките до крајот го оправдаа прекарот „Кралици на шокот“.

Откако приредија неколку шок натпревари, тие со еден таков натпревар и го завршија шампионатот откако го совладаа и домаќинот со 25:19.

Ракометарките приредија и мало шоу на церемонијата кога се добиваа медалите. Добро беше познато дека самите ќе ги земаат медалите, но моментот кога појавија со круна на своите главни и отпоздравуваа во стилот на Кралицата Елизабета Втора дефинитивно го привлече вниманието.

Како што го одиграа целиот шампионат така и завршија во голем стил. Докажаа дека покрај натпреварите на кои секогаш го даваа максимумот знаат и да се забавуваат, па така и го напуштаат ова првенство.