Goran PERKOVAC (coach), Croatia vs Netherlands, EHF Euro 2024 qualification match, Dvorana Gradski Vrt, Osijek, Croatia, 12.03.2023, Mandatory Credit © Sasa Pahic Szabo / kolektiff

Хрватите не можат ниту Холандија да ја победат, ама најдоа причини за задоволство

Машката сениорска репрезентација на Хрватска за првпат во историјата не успеа да победи на домашен квалификациски натпревар за ЕП, откако во вчерашниот дуел против Холандија одигра нерешено, 25:25.

Новиот селектор на Хрватска, Горан Перковац, кој со пораз дебитираше на клупата на ,,коцкестите” истакна дека освоениот бод против Холандија вреди злато.

Стратегот на Хрватска имаше пофални зборови за младите репрезентативци, кои одиграле одлично против селекцијата на Олсон.

,,Натпреварот против Холандија беше одличен за гледање, штета што не ги освоивме двата бода, но моето срце е големо поради овие млади момци. Погледнети ги Матео Мараш, Карло Сиротиќ, Доминик Кузмановиќ…Јас сум повеќе од задоволен од нивниот настап. Не одигравме добро, 6 на 5 одигравме слабо и тоа нѐ чинеше бод. Но, тој бод вреди злато. Немаме резултати во последните две години и се чувствува тоа, таа несигурност, но борбената игра во одбраната, тоа е за пофалба. Веќе сме 99% на ЕП, целта е прво место во квалификациската група, но и второ е добро, главното е да одиме на шампионатот. Оваа младост ме воодушеви и пресреќен сум”, изјави Перковац.

Ракометарите на Перковац кон крајот на април ќе ги одиграат реванш дуелите против Белгија и Грција и исходот од овие два дуели ќе одлучат на која позиција ќе заврши Хрватска во својата група.

Хрватска практично обезбеди настап на Европското првенство во Германија, но ќе се бори за подобар пласман во групата, со цел да добие полесни ривали на ЕП.

Хрватска првпат во историјата не успеа да победи на домашен квалификациски меч!