Хорват не играше против Вардар, но командуваше од трибини (ФОТО)

Екипата на Металург одигра одличен натпревар против тимот на Вардар на гостувањето во 6. коло од Супер машката лига, а иако претрпе пораз од 30:38, сепак, впечатокот е позитивен.

На оваа средба во составот го немаше најискусниот Златко Хорват, кој беше на трибините во СЦ „Јане Сандански“.

Причината за неговото неиграње беше повреда, поради која мораше да го пропушти интересниот дуел на кој Металург беше рамноправен ривал повеќе од 50 минути.

Иако не беше во можност да игра тој командуваше со колегите од трибините така што на свој начин даде придонес во играта на Металург на оваа средба.