Холабрун на македонски погон до триумф

Тимот на Холабрун, каде што настапуваат македонските интернационалци Никола Костески и Влатко Митков, славеше против Грац со 31-28.

Десниот бек Митков беше втор стрелец на теренот со седум погодоци, додека десното крило даде пет гола.

Ова беше натпревар од второто коло од плеј-офот за место во елитната конкуренција во Австрија.

Холабрун сега има една победа и еден пораз по две кола, а по репрезентативната пауза на домашен терен ќе се сретне со Леобен.