Хмирова се враќа на терен, се сели на Тенерифе

Поранешната ракометарка на Вардар, Татјана Хмирова после една година пауза одлучи дека и е доста од одморање и дека сака назад на терен.

Таа денеска објави дека се договорила со тимот на Салуд од Тенерифе, па во новата сезона ќе се обиде да се врати во форма и за овој тим да покаже дека може да игра на истото ниво.

„Среќна сум што се враќам на терените. Мојата пауза е веќе завршено. Моите тело и глава се одморени и јас сум подготвена да продолжам по патот на спортот со нова сила и енергија. Среќна сум што можам да објавам дека ќе бидам дел од тимот на Салуд и ќе се обидам заедно со овој тим да дојдам до нови достигнувања“, вели Хмирова во пораката на својот профил на Инстаграм.

Како последен клуб во кариерата го имаше тимот на Шиофок во Унгарија, но одлучи да направи пауза. За време на паузата беше постојано активна, па и понатаму е во форма и сигурно нема да има поголем проблем за да се врати во форма.