ХЕРОЈ НА ДЕНОТ: Како Никола Митревски го откажа Веспрем (ВИДЕО)

Ракометарите на Еурофарм Работник конечно ја добија наградата за трите минимални и несреќни пораз од по еден погодок во Лигата на шампионите.

Во Битола избраниците на Стевче Алушовски го совладаа унгарскиот гигант Веспрем со 26-24, а еден од најзаслужните за тоа е голманот Никола Митревски.

Нашиот репрезентативец одбрани десет удари во првиот дел кога Еурофарм го градеше високото водство, додека во вториот додаде уште две. Потоа и Благојче Трајкоски запре еден шут на Веспрем во финишот, па и тој имаше придонес во моментите кога гостите се враќаа во игра.

Погледнете дел од интервенциите на Митревски против ѕвездите на Веспрем…