Херона верува во Додиќ, ракометарот на Металург ќе игра против Грција

Младиот ракометар на Металург, Стефан Додиќ се најде и на скратениот список на селекторот на Србија, Тони Херона, па организаторот на играта ќе добие шанса на дуелот против Грција во квалификациите за Европското првенство.

Додиќ веќе неколкупати беше повикан од страна на селекторот на Србите така што сосема извесно е дека ќе добие шанса на натпреварот.

Србија е веќе пласирана на првенството, а остана само уште една средба против Грција на која треба формалнода се доработи задачата така што ова ќе биде убава шанса и за помладите да се најдат на теренот.

Тоа значи дека и Додиќ може да добие одлична минутажа и ова да биде ново искуство за него. Сезонава има значајна улога во тимот на Металург така што со ова само добива нов голем плус во кариерата.