Хановер ги прекина тимските тренинзи, Кузмановски ќе тренира индивидуално

Раководството на Хановер каде што настапува Филип Кузмановски донесе многу претпазлива и превентивна одлука, тимот да ги прекине тренинзите на определен период.

Ваквата одлука е резултат на тоа што последниот тим со кој Хановер играше пријателски натпревар, Хамбург пријави заразени играчи со коронавирусот.

Ниту еден ракометар на Хановер не чувствува симптоми, а потврда дали некој е заразен ќе се добие откако ќе бидат готови реузлтатите од направените тестови. Сепак раководството одлучи тимските тренинзи да бидат прекинати.

Ракометарите ќе продолжат да се подготвуваат индивидуално во своите домови, а за таа цел тренерскиот тим подготви програма на која треба да се придржуваат сите ракометари.

Хановер требаше да одигра уште еден пријателски натпревар против екипата на Магдебург, но дали ќе се одигра овој дуел ќе зависи од резултатите од тестирањето на ковид-19.