Халгримсон низ шега: Од Пешиќ научив да пцујам на хрватски

Голманот на репрезентацијата на Исланд, Виктор Халгримсон, кој од изминатата сезона го носи дресот на француски Нант, моментално престојува во Хрватска.

Исланѓанецот е дел од ракометниот камп за голмани во хрватскиот град Омиш  и заедно со германскиот репрезентативец Андреас Волф им го пренесуваат своето знаење на потенцијалните нови голмански надежи од Европа.

Тој во Нант минутажата ја дели со хрватскиот голман Иван Пешиќ, како и со 24-годишниот Мануел Гаспар од Португалија.

„Играм заедно со Иван Пешиќ, тој е многу позитивен, единствениот Хрват со кој сум играл некогаш и се уште играм. Од оние против кои играв се сеќавам на Иван Мартиновиќ и Халил Јагањец кои се многу добри шутери. Научив неколку хрватски зборови, но исто така научив и една реченица што Пешиќ постојано ја повторува ако нешто не е во ред (се смее)”, изјави Халгримсон.

Дел од ракометниот камп за голмани во Омиш и е тренерот на голманите на Еурофарм Пелистер, Ице Соколоски.