Фуксе Берлин не дозволи изненадување, Агуаш и Мотор одиграа без победник!

Ракометарите на Фуксе Берлин продолжуваат без пораз во Лига на Европа, откако во натпревар од 5. коло на свој терен го совладаа Архус со 30:24 и се позиционираа на првото место во групата Д, во која настапува и македонскиот вицепрвак Еурофарм Пелистер, кој денес беше убедливо поразен на гостувањето кај Бидасоа Ирун.

Предводник во победата на Фуксе Берлин беше Милош Вујовиќ со седум гола, додека екс ракометарот на Вардар Мијајло Марсениќ имаше шест реализации. Во составот од Данска се истакна Мортен Балинг со девет погодоци.

Во споменатата група, екипите на Агуаш Санташ и Мотор Запорожје одиграа без победник, 26:26. Нерешено заврши и средбата меѓу Алпла Хард и Балатонфуреди (30:30) во групата Ц. Сите четири екипи пред денешните одиграни натпревари немаа освоено бод на свое конто.

Хрватскиот Нексе на свој терен го доби дуелот против Грањолерс со 39:36. За клубот од Нашице денешната победа беше петти триумф во новата натпреварувачка сезона во второто по ранг европско натпреварување. Нексе на пет натпревари забележа пет победи, доволно за да биде актуелен лидер во групата Д со десет бода.

Победа во натпреварите од 5. коло остварија и екипите на Веспрем ККФТ, Иштад, Монпелје, Фленсбург, Кадетен и Спортинг Лисабон.

ГРУПА А

ВЕСПРЕМ ККФТ – ТАТРАН ПРЕШОВ 30:28 (13:16)

БЕНФИКА – МОНПЕЛЈЕ 24:26 (12:12)

ГЕПИНГЕН – КАДЕТЕН 24:25 (14:10)

ГРУПА Б

ЕКС АН ПРОВАНС – ИШТАД 34:36 (18:15)

ФЕРЕНЦВАРОШ – ВАЛУР 33:33 (14:18)

БЕНИДОРМ – ФЛЕНСБУРГ 32:38 (17:21)

ГРУПА Ц

НЕКСЕ – ГРАЊОЛЕРС 39:36 (19:16)

СКЈЕРН – СПОРТИНГ 28:30 (15:12)

АЛПЛА – БАЛАТОНФУРЕДИ 30:30 (14:15)

ГРУПА Д

ФУКСЕ БЕРЛИН – АРХУС 30:24 (15:16)

БИДАСОА – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 32:20 (20:12)

АГУАШ САНТАШ – МОТОР 26:26 (14:15)

 

Помалиот Веспрем со прва победа во дебитанската сезона во Европа!

 

Меч за заборав, Еурофарм Пелистер со пораз се враќа од Шпанија