Помалиот Веспрем со прва победа во дебитанската сезона во Европа!

Вториот тим на Веспрем, кој оваа сезона учествува во Лига на Европа се израдува на првата победа во дебитанската сезона на европска сцена.

Унгарскиот тим во второто по ранг европско натпреварување пред својата публика во возбудлив натпревар славеше против Татран Прешов со резултат 30:28.

Иако словачкиот шампион на полувреме замина со предност од ,,плус три” 16:13, сепак, во вторите 30 минути дозволи домаќинот да се врати и да ги запише првите бодови.

Одлична партија во победничката екипа имаше Елес Бенедек со девет погодоци. Во поразениот табор се истакна Оливер Рабек со осум гола. Голманот на домаќините Тибор Балог натпреварот го заврши со 17 интервенции.

Младите ракометари на Веспрем ККФТ со двата бода ги зголемија шансите за пласман меѓу најдобрите четири екипи во групата А.