Француски „пакет“ од ПСЖ за Келце

Полскиот шампион Келце почнува да ја гради екипата за наредните сезони, а во клубот ќе пристигнат уште двајца ракометари од францускиот шампионат, пренесува „Спортове Факти“.

Еден од нив е членот на ПСЖ, Беноа Конку. Младиот ракометар во Келце ќе пристигне наредната сезона, односно на почетокот на наредното лето. Игра на позиција десно крило, а покрај одличните игри во нападот, може солидно да одигра и во одбраната.

Вториот кандидат за преселба во Келце исто така е член на ПСЖ, а тоа е десниот бек, Недим Ремили.

Претседателот на клубот, Бертус Сервас не сакаше да ги коментира шпекулациите, но изјави дека за наредната сезона веќе се потпишани договори со двајца ракометари кои ќе учествуваат на Ф4 турнирот во Лигата на шампионите.

Келце за новата сезона официјално го ангажираше репрезентативецот на Франција и член на ПСЖ, Дилан Нахи. Француската колонија во полскиот шампион би можела да се зголеми доколку двете потенцијални засилувања стават потпис со полскиот клуб.